Среќна вест за корисниците на Твитер - Шеталиште

Новости

Технологија

Среќна вест за корисниците на Твитер

Твитер им дозволи на дел од своите корисници да пишуваат двојно подолги пораки со 280 карактери, за разлика од сегашното ограничување на максимум 140 карактери за секоја порака.

Но, оваа промена на почетокот ќе можат да ја користат само поединечни корисници.

Директорот Џек Дорси самиот ја најави промената пишувајќи порака во новиот, подолг формат.

„Ова е мала промена, но за нас претставува голем чекор. Изборот од 140 карактери беше направен произволно, врз основа на границата од 160 карактери во СМС пораките. Горд сум колку тимот беше посветен на решавање на проблемите кои луѓето ги имаа кога се обидуваа да твитаат. Во исто време, ќе ги зачуваме краткиот израз, брзината и суштината“, твитна директорот Дорси.

Засега само мал број корисници ќе имаат можност да пишуваат во новиот подолг формат од 280 карактери, а по пробниот период компанијата ќе реши дали да им дозволи на сите свои корисници да пишуваат подолги пораки

Во малата група на луѓе кои ќе добијат прилика да ја тестираат оваа новост ќе се најдат корисниците кои „твитаат“ на англиски, шпански и португалски јазик.

Сепак, оваа опција се очекува во даден момент да стане достапна за сите корисници ширум светот.

To Top