Новости

Технологија

Фејсбук ќе воведе „snooze“ за досадните пријатели

Најпопуларната социјална мрежа во светот наскоро може да добие многу битна опција – можноста за „замолчување“ на приказот на материјалите објавени од определени личности на одреден временски период. Доколку ви здосадило да гледате фотографии и статуси од нечиј годишен одмор или некоја страница ве опсипува со news feed за кој не сте заинтересирани, решението би можело да биде опцијата Snooze, која ќе овозможи стишување на таквите материјали на период од 24 часа, една недела или 30 дена.

На овој начин Facebook сака да спречи растурање на оформените мрежи само затоа што некој без пардон досадува со објави. Се чини дека опцијата прво стигна до избрани корисници во САД, а засега е во тест фаза. Во случај да се одлучи за глобална имплементација, Ѕnooze  ќе овозможи намалување на „бучавата“ за корисниците, додека страниците ќе си ги задржат своите „лајкови“.

Опцијата Snooze ќе биде достапна на истото место каде што се и останатте покрај објавите. Доволно ќе биде да се кликне на стрелката надолу во десниот горен агол покрај објавата.
Извор: inovativnost.mk
To Top