Новости

Технологија

14 – годишно момче од Скопје смисли одлична мобилна апликација за аутистични деца

Даријан Шекеров од Скопје со апликацијата „Сликозбор“ наменета за децата болни од аутизам и пречки во говорот победи на светскиот натпревар на млади пронаоѓачи. Младото четиринаестгодишно момче победи во конкуренција од 3 илјади проекти од цел свет.

Сега повеќе од 10 илјади луѓе на Гугл плеј стор ја симнуваат бесплатно апликацијата за мобилните андродини телефони „Сликозбор“ .

Со оваа апликација се олеснува комуникацијата на децата и со нивното семејство и со околината.

-Ја направив по желба на моите родители и по желба на Здружението на деца болни од аутизам и пречки во говорот. Лесна е за користење и бесплатна. Има осум тематски целини: игра и забава, поздрав и разговор, временски појави, облека и обувки, броеви, форми, диви и домашни животни и семејство. Апликацијата е лесна за користење, а работи така што се одбира саканата тема, се притиска на одредена слика, по што се слуша глас, позајмен од мојата сестра Срна, која ја опишува сликата“, раскажува Даријан, кој годинава се запиша во прва година во средно школо.

Вели дека апликацијата ја изработил од срце за да им помогне на децата болни од аутизам и пречки во говорот. Затоа и ја наслови како од „деца за деца“.

Апликацијата ја применуваат родители, логопеди, учители во специјалните школи пренесува 10без10.

To Top