Новости

Технологија

Instagram воведува опција која ќе покажува колку е посетен вашиот профил

Instagram развива опција на апликацијата со која, корисниците ќе можат да видат колку пати бил посетен нивниот профил во последните седум дена.

Информацијата ќе се појавува на врвот на профилот, а ќе биде толку впечатлива, што ќе биде тешко да не се забележи, пренесува „The Independent“.

Сепак, иако ќе покажува колку пати е гледан профилот, нема да открие кои биле посетителите.

Оваа нова функција ја забележал корисникот Мет Наваро.

Тој на Twitter објавил слика од Instagram, каде покажува на кој начин корисниците ќе имаат пристап до оваа функција околу бројот на прегледи на нивниот профил.

„На врвот на неговиот екран пишувало „133 посети во последните седум дена“.

Во однос на тоа дека оваа функција се уште е во развој, не се појавува на профилите кај сите корисници.

 

Студирајте на БАС
To Top