Новости

Технологија

Samsung Galaxy S8 и S8 + нема да бидат лесни за поправање

Додека новиот Samsung Galaxy S8 проаѓа низ тешки тортури, екипата од iFixit откри некои интересни информации.

Имено, екипата под називот iFixit, е позната по расклопување на разни уреди, со цел да ги погледнат од внатре. Најновите паметни телефони кои ги расклопија се новите Samsung Galaxy S8 и S8+. Првиот заклучок кој го извлекоја е дека сервисерите многу тешко ќе го поправаат таканаречениот „glass sandwich“ дизајн.

Што се однесува на можноста на поправање (repairability), Samsung Galaxy S8 и Galaxy S8+ се нешто подобри од претходните модели Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge, кои во таа категорија добија оценка 3 од 10, додека  Galaxy S8 има 4 од 10. Galaxy S6 од 2015 година исто така имаше оценка 4 од 10.

Главниот напредок кој е постигнат, е во квалитетот на компонентите кои се наоѓаат во внатрешноста. Повеќето компоненти се модуларни, така што можат полесно да се заменат независно од другите компоненти. Истото важи и за батеријата, иако пристапот до неа е малку потежок, односно батеријата е залепена за внатрешната задна страна на панелот (прикажано на сликата долу).

Екпиата iFixit критички се осврна и на предната и на задната страна на стаклото за кое мислат дека подлежи на пукање од едната страна, а на некој начин го оневозможува престапот до внатрешните компоненти од другата страна. Велат дека предното стакло е доста тешко да се замени, а постои и добра веројатност да се оштети во расклопувањето.

Karmen
To Top