Новости

Технологија

Vero – нова популарна социјална мрежа која може да го загрози успехот на Facebook

Vero е името на новата социјална мрежа која ужива висока популарност во последниве недели. Можеби веќе сте виделе како вашите пријатели преку пораки на Instagram ве замолуваат да ја пробате оваа платформа. Мотото на Vero е да биде „Less Media, More Social“ и нуди иновативен и брз начин за откривање филмови, музика, книги, места и секакви мултимедијални содржини. Неговите креатори тврдат дека сакаат целосно да го сменат начинот на кој комуницираме во социјалните мрежи на Интернет.

Всушност, Vero беше формиран пред три години, но едвај во изминатите неколку недели се најде на врвот на листите за најпопуларна понуда за социјални мрежи на Google Play и App Store. Интерфејсот е сличен на Instagram, и секој корисник има можност да препорача музика, филмови, книги и да споделува URL со своите пријатели. Содржината на Vero е избрана од вас и вашите следбеници и не е обработена од алгоритмите на компанијата, информира DigitalTrends.

Првите 1.000.000 луѓе кои ќе се регистрираат ќе добијат бесплатна претплата, а остатокот ќе мора да платат симболична сума за работа со Vero. Ако сакате да пробате нешто различно од стандардните услуги како Facebook и Instagram, дефинитивно направете сметка во Vero и уверете се што оваа платформа може да ви понуди.

Само времето ќе покаже дали корисниците ќе продолжат активно да ја користат оваа социјална мрежа…

GOLD
GoldSlot
To Top