Новости

Здравје

Вакцина против никотинската зависност!

Дури и оние пушачи кои цврсто се одлучуваат да ги откажат цигарите, често потклекнуваат поради неиздржливиот порив да „запалат една“. Зависноста од никотин е многу сериозен проблем, но научниците сметаат дека наскоро ќе може да ја лечат со посебни вакцини.

Експертите од “The Scripps” институтот во Калифорнија осмислиле вакцина која го намалува дејството на никотинот врз мозокот. Таа ги зголемува антителата кои се прицврстуваат за молекулите никотин и ги одложува неговите ефекти.

Иако во две клинички студии вакцината не дала посакувани резултати, научниците сега имаат идеја како да ја направат поефикасна.

Ако се оди по планот, наскоро очекувајте вакцина која ќе ви помогне да ги оставите цигарите засекогаш.

To Top