Новости

Здравје

Добрите соседи се важни за вашето срце

Добрите соседи се важни за одржување на вашето срце во здрава состојба, oва го потврдило истражувањето кое било спроведено на 5.000 луѓе постари од 50 години во временски период од 4 години.

Испитаниците морале да одговорат на прашања за тоа дали се чувствуваат како дел од соседството во кое живеат, дали со нив се однесуваат пријателски и дали би им помогнале во случај на несреќа, а за крај одговарале на прашањето колку им веруваат на нивните соседи.

Истражувањето покажало дека луѓето со висока социјална кохезија имаат помал ризик од срцев удар, па дури и кога научниците ги одзеле другите фактори на ризик.

Поврзаноста помеѓу здравјето и местото на живеење се истражувало и претходно, но само земајќи ги во предвид факторите: бука, загадување или густина на население.

„Ова истражување оде еден чекор напред, а се покажа дека животот во добро соседство со соседи кои ќе ве поддржуваат и ќе се грижат за вас има позитивен ефект на нашето здравје“, заклучил Ерик Ким, психологот и автор на истражувањето.

GOLD
SN Finansii
To Top