Новости

Здравје

Водата е многу важна: Ова се први знаци дека не пиете доволно – Нема да ви се допаднат

За важноста на водата за телото е пишувано многу, а самиот организам реагира доколку не пиеме доволно вода на ден. Препорачаната дневна доза е 2 литри вода на ден. Секако, во летниот период количеството е зголемено поради високите надворешни температури.

Првите знаци дека не внесуваме доволно вода се суви и испукани усни и сува кожа. Исто така, можно е да се прават и брчки, а и да се дебелееме иако внимаваме на храната.

Исто така, помалку познат симптом е и болка во грбот и вкочанетост на телото.

Дополнително, очите може да бидат црвени и иритирани и да се чувствувате како да сте постојано под стрес.

Затоа, не заборавајте да испиете 2 литри вода на ден. Не само што ќе бидете поздрави, туку и ќе изгледате поубаво. Водата ја враќа еластичноста на кожата, па така ќе изгледате убаво и свежо, ќе бидете витки, а може и да се изборите со главоболката.

 

Студирајте на БАС
To Top