Новости

Здравје

Д-р Кристинка Пајаковска – исхрана во бременоста

Нaвиките за јадење и пиење го одредуваат и регулираат нашето здравје повеќе отколку што можиме да претпоставиме, а уште повеќе значење добиваат во бременоста.

  • Разновидна исхрана
  • Исхрана богата со витамнини и минерали
  • Маснотии и шеќер во помали количини
  • Штедливо со готварската сол
  • Житарици секојдневно
  • Да се избегнува пушењето
  • Алкохол да не се конзумира
  • Течност во доволни количини
  • Да не се конзумира свежо месо (термички необработено)
  • Да не се конзумира неварено свежо млеко

Вкупните потреби од калории дневно многу малку се зголемуваат и тоа после четвртиот месец на бременост.Од четвртиот месец се препорачуваат само 200 – 300 дополнителни калории на ден. Предност им се дава на продуктите богати со витамини и минерали, а сиримашни со калории (зеленчук,овошје, компир, житарици, посно месо, риба, млечни производи). Дозволено е зголемување на телесната тежина до 12 кг до крај на бременоста.

Многу е важен распоредот на оброците, треба да се јади често и по малку , обилен доручек, мали ужинки.Да се употребува јодирана сол, дневиот внес на течност да биде 1 – 1,5 литри (минерална вода и природни овошни сокови и незасладен чај имаат предност).Да се избегнува кафе, јак чај,кока кола и сл.)

Препорачани количини на одредени намирници:
Млеко и млечни производи: 400 – 500 мл млеко (полномасно, пастеризирано) на ден, 30 – 40 гр. сирење. Не се препорачува овошен јогурт,пудинзи,млечни десерти,свежо сирење.

Јајца 2-3 неделно, месо – 100-120гр. сите видови посни меса (да се избегнуваат колбаси,виршли и сл.), 3 – 4 парчиња на интегрален леб, секој ден 3-4 лажици житарици, 3 варени компири средна големина дневно, два пати неделно риба, 30 гр. путер или маргарин дневно и 10 гр.масло (една супена лажица), 100-200гр свеж зеленчук дневно, исто толку свежо овошје дневно, сладолед,бонбони,чоколади и слатки по можност да се избегнуваат.

Д-р Кристинка Пајаковска

Karmen
To Top