Новости

Здравје

Д-р Кристинка Пајаковска: Колку пати во текот на бременоста треба да се направат прегледи?

Најчесто поставувани прашања кај бремените жени е колку пати во текот на бременоста треба да направат прегледи и кога е најдобро истите да бидат направени од страна на гинеколог. Д-р Кристинка Пајаковска Ви препорачува колку прегледи треба да се направат и што тие опфаќаат во текот на бременоста на секоја жена.

Антенаталните посети за бремени жени кои се здрави и чии бремености се некомплицирани треба да се 10 посети кај матичен гинеколог за нулипари и 7 посети за мултипари.


• Прв контакт – додаток на фолна киселина, хигиена на храната, совети за животниот стил во бременоста, ( пушење, алкохол, дрога ), совети за антенатални скрининзи
• 10 г.н. – прва закажана контрола – развој на плодот, исхрана и диета, вклучувајќи и додаток на vit D, физички вежби, антенатален скрининг, разговор за место на породување, доење, присуство на антенатални часови, придобивки од мајчинството. При овој состанок треба да се провери крвна група и резус фактор, скрининг за хемоглобинопатии, анемија, инфекции, скриниг за Даунов синдром, УЗ за проценка на гестациската старост, БМИ, крвен притисок, скрининг за дијабет и асимптоматска бактериурија, прашања за минати тешки форми на ментални заболувања, дијагностицирање на евентуална депресија и занимање на жената.
• 16 г.н. – дискусија за резултатите од направените тестови, повторно мерење на Hgb и артерискиот притисок, да се одговори на сите прашања кои ја интересираат жената.
• 20 – 22 г.н.- ако жената избере да се направи УЗ скрининг на структурни аномалии и доколу се детектира placenta previa, да се посоветува вагинален УЗ во 32 г.н.
• 25 г.н. – само за нулипари – растојание симфиза – фундус, артериски притисок, тест на урина за протеини.
• 28 г.н. – втор скрининг за анемија и атипични еритроцитни алоантитела, анти Д профилакса за резус негативните трудници, крвен притисок, растојание симфиза – фундус.
• 31 г.н. – само за нулипари – крвен притисок, тест на урина за протеини
• 34 г.н. – подготовка за породилни болки и породување, препознавање на активно породување, да се понуди втора доза на анти Д за резус негативните жени, крвен притисок, растојание симфиза фундус, тест на урина за протеини
• 36 г.н. – крвен притисок, растојание симфиза фундус, тест на урина за протеини, се одредува позиција на плодот, се зема брис за ГБС.
• 38 г.н.- крвен притисок, растојание симфиза фундус, тест на урина за протеини
• 40 г.н. – крвен притисок, растојание симфиза фундус, тест на урина за протеини
• 41 г.н. – да се советува индукција на породување – крвен притисок, растојание симфиза фундус, тест на урина за протеини.

GOLD
GoldSlot
To Top