Новости

Здравје

Европскиот ден на инструментарките одбележан и во Болница „Плодност“

За успешна работа во операционата сала, покрај докторот, главна улога имаат инструментарките. Секоја од овие сестри мора да биде запозната со спецификата на работата, да е добро едуцирана и да биде особено способна да се снајде во сите непредвидени околности кои што можат да се случат во текот на еден оперативен процес. Тимската работа и комуникација е клучна за да се изведе една успешна операција.

За секој кој барем еднаш се нашол во операциона сала како пациент, докторот е негов спасител и херој. Но, малкумина знаат дека во оперативната сала има уште една важна нишка во процесот, а тоа се сестрите-инструментарки. Пациентите не ги гледаат нивните лица, туку само очите, поради маските и инструментите кои ги носат постојано.  Но, од овие сестри пациентите го добиваат контактот преку нивните очи, од кои што зрачи насмевка. Во секој оперативен процес се изведува тимска борба за подобро утре на пациентот. Целата енергија на тимот во салата е насочена кон пациентот кој им го доверил нештото што е за него најскапоцено-животот. Но за инструментарките работата не завршува во операционата сала, туку продолжуваат во одделот за Централна стерилизација, каде што се треба да се исчисти, дезинфицира, пакува, селектира и стерилизира, за да биде подготвено за следната операција. Ова е накратко описот на работата на сестрите кои избрале да бидат ангели-чувари на своите пациенти.

Evrotip
Евротип
To Top