Новости

Здравје

Единствено во Болница „Плодност“: Оксидативен стрес тест (OST)

Кај мажите со нормален спермограм ретко се прави скрининг за оксидативен стрес, така што на овие мажи со позитивен тест им се пропушта третирање. Често се мисли дека неплодноста е од непознати причини, а жените се подложени на ИВФ сметајќи дека причините за стерилитет се непознати.

Директен третман на позитивен оксидативен стрес кај машкото семе може да овозможи природно забременување. За време на природна концепција, ако кај машкото семе постои оксидативно пореметување на спермалната мембрана не се блокира оплодувањето. Ако не се дава терапија овие парови се неплодни или подложени на ИВФ со микроинекција (ICSI). 

Причини за спермативен оксидативен стрес се генитоуринарни инфекции, проширени вени на тестисите, хиперхомоцисти и дијабетес, дебелина, пушење, алкохол, стрес, старост, загадување од пестициди, тешки метали, цитостатици, аспирин, парацетамол…..Оксидативниот стрес предизвикува повреда на сперм ДНК-та која понатаму може да предизвика неплодност и спонтани абортуси кај партнерката. Оксидативниот стрес предизвикува и повреда на спермалната мембрана намалувајќи ја подвижноста на семето и можноста на семето да се спои со јајце клетката.

Затоа мажите со нормален спермограм што имаат проблеми со неплодност и спонтани абортуси кај партнерката, треба да направат OST тест кој се прави единствено во Болница „Плодност“, на територијата на Република Македонија.

Студирајте на БАС
To Top