Новости

Здравје

Експертите советуваат: Капете се во вечерните часови или рано наутро

Клиничкиот психолог и експерт за спиење д-р Џенет Кенеди открива кога треба да се капете.

Дали се туширате навечер или во утринските часови? Постојат оние кои не можат да замислат да влезат во кревет, а пред тоа од не ја симнат сета нечистотија која ја собрале во текот на денот, и оние кои се уште обожуваат утрински ритуал под тушот, пишува Њујорк тајмс.

Но, што е од ова подобро?

Утринско туширање

Оние кои претпочитаат утрински туш велат дека не постои подобар начин да се започне денот. Туширањето предизвикува циркулација и разбудува. Ако во вашиот дом сите имаат навика да скокаат под туш наутро, најверојатно ја имате оваа навика.

“Утринското туширање особено се препорачува за оние кои потешко се будат”, вели д-р Џенет Кенеди, клинички психолог и специјалист за спиење. За да се постигне вистински ефект на будење, д-р Кенеди препорачува да се туширате со млака вода, наместо жешка.

Вечерно туширање

За оние кои страдаат од несоница, д-р Кенеди препорачува туширање најмалку 90 минути пред спиење.

“Кога се подготвувате за сон, телото нормално се лади со забавување на ритамот на срцето. Туширањето со топла вода повторно ја зголемува температурата, што може дополнително да не разбуди. Затоа е неопходно да се туширате барем еден час и половина пред спиење”, вели д-р Кенеди.

“Туширањето е добро за релаксирање на тензиите во мускулите, но не треба да се практикува веднаш пред спиење”.

Во овие зимски месеци, многу луѓе сакаат туширање во многу топла, дури и жешка вода. Но, дерматолог од Њујорк, Гери Голденберг вели дека оваа навика е многу штетна.

“Многу топол туш отстранува од кожата природни масла кои служат како заштита и кожата може да се иритира. Колку подолго време ќе станете во топлата вода, толку е поголема веројатноста дека вашата кожа ќе стане сува. Освен за туш, ова исто така важи и за капење во када.”

Затоа, д-р Голденберг препорачува краток туш со млака вода. Ова ќе ѝ помогне на вашата кожа, но и на животната средина, бидејќи нема да потрошите толку многу вода.

* Но, дали нашиот степен на хигиена влијае врз времето во денот кога се тушираме?

Д-р Голденберг вели дека нема ништо лошо во вечерното туширање, ниту пак во утринското. Сепак, не се во право оние што мислат дека наутро на нашата кожа нема што да се измие.

“Луѓето ноќе многу се потат. Кога ќе се разбудите наутро, целата ваша пот и сите бактерии од вашата постелнина се на вашата кожа. Утринскиот туш е корисен, бидејќи ќе ја симне целата нечистотија што сте ја акумулирале додека сте спиеле. Покрај тоа, многу луѓе се интимни ноќе, што е уште една причина зошто треба да се туширате наутро”, вели д-р Голденберг.

* Дали поради тоа треба да се тушираме двапати на ден?

Д-р Голденберг вели дека нема ништо лошо во туширањето двапати на ден, сѐ додека тоа не го правите во многу жешка вода или со многу агресивни сапуни. Но, само и едно туширање ќе биде доволно.

Студирајте на БАС
To Top