Новости

Здравје

Загадувањето на воздухот пред и по зачнувањето, ја зголемува шансата за дефекти при раѓање

Тим истражувачи од Универзитетот во Синсинати и Детската болница во Синсинати, пронајдоа докази кои покажуваат дека пред и во периодот на бременост кај жените кои живеат во област со голено загадување на воздухот, изложени се на зголемен ризик да раѓаат бебиња со вродени дефекти. Во својот труд објавен во The Journal of Pediatrics, истражувачите ги опишуваат деталите однивната студија, она што го откриле, а исто така нудат одредени совети за бремени жени.

Логиката вели дека дишењето на загаден воздух може да предизвика здравствени проблеми, особено белодробни заболувања, но помалку беше познато каков ефект може да има дишењето на загаден воздух за време на бременоста врз бебињата. Во овој нов труд, истражувачите се обидоа да дознаат повеќе за влијанието врз бебињата кога бремените жени дишат одреден тип на загаден воздух непосредно пред и по зачнувањето. Тимот се фокусираше на честички во воздухот од типот PM 2.5, чиј најчест извор се автомобилските издувни гасови, но исто така и од други извори.

Тимот ги обработуваше податоците од 290.000 бебиња родени во државата Охајо во периодот од 2006 до 2010 година, а потоа ги споредуваше резултатите со мерењата на загаденоста на воздухот низ државата во текот на истиот временски период. Тие откриле дека оние жени кои живеат во области со повисоки од просечни количини на такви загадувачи, непосредно пред или веднаш по зачнувањето, доживеале повисоки стапки на вродени дефекти кај нивните бебиња.

Извор

Студирајте на БАС
To Top