Новости

Здравје

Зошто се значајни вежбите во бременоста?

Вежбите во текот на бременоста се поинакви отколку пред бременоста, но се многу значајни за одржување на здравјето на бремената жена и бебето.Практикувањето на одредени вежби во текот на бременоста може да помогне во подобрување на расположeнието, спиењето и ублажување на трудничките тешкотии. Вежбите можат во голема мерка да помогнат и во зголемувањето на енергијата, која секога бремена жена на моменти мисли дека ја има се помалку. Покрај физичките придобивки од вежбањето во текот на бременоста, тоа има големо влијание и врз здравјето на мајката, но паралелно ја зголемува нејзината подготвеност за пороѓајот, преку зацврстување на одредена група мускули. Придобивките од вежбањето се големи за бремените жени, но тоа мора да се прави под одреден надзор. Особена важност околу вежбањето им се посветува на идните мајки во Школата за бремени во Болница „Плодност“. Подгответе се за сите предизвици кои Ве очекуваат како идна мајка, само во Школата за бремени во нашата болница.

GOLD
To Top