Изненадувачки факти поврзани со влегувањето во форма - Шеталиште

Новости

Живот

Изненадувачки факти поврзани со влегувањето во форма

Никогаш не е предоцна да влезете во форма, бидејќи вежбањето има многу физички и ментални придобивки.

Доколку се решите за еден таков чекор, треба бидете спремни на неколку изненадувања кои можеби не ги очекувате:

1) Ќе ја зголемите тежината

Во првите 2 до 4 недели по почетокот на тренинзите, ќе ја накачите тежината – особено мажите. Причината за тоа е што на почетокот телото прво почнува да додава мускулна маса (која тежи повеќе од маснотиите), па дури потоа почнува да ги топи маснотиите.

2) Не можете да јадете сè што ќе посакате

Фактот што секојдневно согорувате неколку стотици калории повеќе отколку вообичаено не е оправдание да јадете сè што ќе посакате и кога ќе посакате.

Доколку тренирате посериозно и потребно ви е повеќе енергија, секако дека треба да го зголемите внесот на калории, но тие треба сепак да доаѓаат од здрава храна.

Повремено уживање во хамбургер или сладолед не е забрането, но треба да се случува најмногу еднаш во месецот.

3) Најдобрите придобивки од вежбањето се поврзани со менталното здравје

Причината поради која што повеќето почнуваат да вежбаат е бидејќи сакаат да се чувствуваат подобро физички, како и подобро да изгледаат физички. Сепак, истражувањата покажуваат дека вежбањето е фантастично за менталното здравје, бидејќи ги редуцира симптомите на анксиозност и депресија, го подобрува спиењето и когнитивните функции, и ја зголемува самодовербата.

4) Некогаш е подобро да се прескокне тренингот

Преголемото форсирање на телото може да предизвика само негативни последици (паѓање на имунитетот, преголем замор и сл.), така што секогаш слушајте си го телото и одмарајте од тренинзи барем 2 дена во неделата, особено во почетокот кога започнувате со тренинзите.

To Top