Новости

Здравје

Како влијае загадениот воздух врз здравјето на луѓето?

Дури и релативно ниските концентрации на загадувачки супстанции може да предизвикаат одредени здравствени ефекти кај ранливите категории на граѓани. Според тоа, подобрениот квалитет на воздухот може да ја намали изложеноста на загадувачките супстанции во воздухот, а со тоа и негативните здравствени ефекти предизвикани од загадувачките супстанции.

Загадувачка супстанција Здравствени ефекти
Суспендирани честички (PM) Може да предизвика влошување на кардиоваскуларни и белодробни заболувања, срцеви удари и аритмија. Може да предизвика рак. Може да доведе до артериосклероза, негативни исходи кај новороденчиња и респираторни заболувања кај деца. Исходот може да биде предвремена смрт.
Озон (O3) Може да предизвика намалување на белодробната функција. Може да предизвика влошување на астма и белодробни заболувања. Може да доведе до предвремена смрт.
Азот диоксид (NO­2) Зголемена смртност предизвикана од кардиоваскуларни и респираторни болести и морбидитет на респираторни заболувања.
Сулфур диоксид (SO2) Ја влошува состојбата со астма и може да ја намали белодробната функција и да предизвика воспаление на респираторниот тракт. Може да предизвика главоболки, генерална неудобност и вознемиреност.
PAHs, особено бензо(a)пирен Канцероген
Јаглерод моноксид (CO) Може да предизвика срцеви болести и оштетувања на нервниот систем. Може да предизвика главоболки и замор.
Арсен (As) Канцероген. Може да предизвика рак на белите дробови.
Кадмиум (Cd) Канцероген
Олово (Pb) Може да има влијание врз речиси секој орган и систем, особено врз нервниот и кардиоваскуларниот систем. Може да има негативни когнитивни ефекти кај децата и може да доведе до зголемен крвен притисок кај возрасните.
Жива (Hg) Може да има влијание врз црниот дроб, бубрезите, дигестивниот систем и респираторниот систем. Може да влијае и врз централниот нервен систем.
Никел (Ni) Канцероген
Бензен (C6H6) Канцероген

Од загадувачките супстанции во воздухот суспендираните честички претставуваат најголемиот ризик по здравјето. Не постои идентификуван праг за концентрациите на суспендирани честички под кој не е забележана опасност по здравјето. Ефектите на PM врз здравјето се појавуваат при изложување на концентрации на кои во моментов е изложено населението во повеќето урбани и рурални области во развиените земји и во земјите во развој.

Краткотрајното и долготрајното изложување на суспендирани честички може да влијаат врз здравјето. Здравствените ефекти од PM се јавуваат по вдишување на честичките. Зависно од нивната големина, суспендираните честички може да навлезат во белите дробови и крвотокот и да предизвикаат негативни ефекти врз респираторниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и нервниот систем. Колку се поситни честичките, толку подлабоко навлегуваат во белите дробови.

Морталитетот предизвикан од ефектите на суспендираните честички јасно се поврзува со фракцијата на PM2.5која претставува 40-80% од концентрациите на PM10 во Европа. Забележана е зголемена стапка на смртност за 15 до 20% во градовите со високо ниво на загадување споредено со релативно почистите градови. Дури и во ЕУ, просечниот животен век е 8.6 месеци понизок како резултат на изложеноста на PM2.5 честичките причинети од активностите на човекот.

To Top