Новости

Здравје

Кога е потребно ИВФ оплодување?

Познато е дека природната можност на оплодување (месечната шанса за оплодување) кај жените почнува да опаѓа после 30-та година од животот, забрзано опаѓа помеѓу 35-40 година, а оплодувањето околу 45 година достигнува најниска вредност.Со порастот на годините доаѓа и до зголемување на гинеколошки и негинеколошки болести кај жената, а тоа доведува до намалена ендометриална прокрвареност и рецептивност што има за последица намален број на имплантација на оплодените ооцити како и отежнато носење и раѓање на здраво доносено дете. Но со надминувањето на стереотипите за женската неплодност, во последно време забележлива е неплодноста во голема мерка и кај нашкиот пол. Тоа се случува најчесто поради неквалитетни сперматозоиди, кои пак се јавуваат како последица на нескладен живот, или пак одредени медицински проблеми во соодветните машки органи. Во нашата земја околу 15% од брачните парови се неплодни. Кога ќе се исцрпат сите можности за лекување, голем дел остануваат без резултат и успех. Затоа денес 60-70% од неплодните брачни парови се одлучуваат за постапката на вештачко оплодување (IVF) и други методи за потпомогната репродукција.

Неплодноста е медицински проблем кој е поврзан со двајцата партнери. Мажот и жената се причина за неплодноста во ист процент. Повеќе од 25% од паровите имаат повеке од една причина која предизвикала неплодност. Доколку 12 месеци се обидувате а немате успех тогаш треба да се консултирате со нашите специјалисти. Во нашата болница можна е успешна дијагностика и лечење на сите, па дури и на најсложените примери на брачна неплодност.

Успехот на лекување на брачната неплодност е раѓање на здраво дете. Тоа е единствената желба на врвниот тим од доктори, биолози и останатиот персонал во Болница „Плодност“. Специјалната болница “Плодност“ Битола – место каде што Вашите соништа стануваат реалност.

To Top