Новости

Здравје

Кои намирници ви ги уништуваат забите?

Пуканки, различни семки и благи пијалоци лошо влијаат на забите – причинители се за кариес, а и можат во некои случаеви да ви ги скршат забите.

  1. Пуканки

“Јадењето пуканки може да предизвика воспалување на забите бидејќи делчиња од нив може да останат помеѓу забите;

Стоматолозите сведочат дека огромен е бројот на пациенти кои дошле и рекле дека го скршиле забот од пуканки;

  1. Суво овошје

Иако е убаво, полно со витамини и минерали, сувото овошје е лошо за вашите заби. Не поради големата концентрација на шеќер туку е многу леплив и често знае да се залепи на забите и да створи кариес;

  1. Благо кафе

Честото пиење на благо кафе, од кафемат е „ноќна мора“ за вашите заби. Постојаната изложеност на шеќер и млеко на вашиот заб ја отежнува борбата против шеќер и киселината во устата;

  1. Семки

Поголемиот дел од семките побарува отворање на предните заби што може да придонесе оштетување и кршење на забите.

  1. Мраз

Не јадете мраз. Премногу тврд е, премногу ладен е затоа го оштетува забот и постои голема можност да го скршите;

  1. Енергетски пијалоци

Енергетските пијалоци се премногу кисели и имаат низок pH како и висока содржина на шеќер. Стоматолозите потврдуваат дека биле сведоци во голем број случаеви каде студенти на таа возраст буквално ги скапуваат своите заби поради неизмерно консумирање на енергетски пијалоци;

  1. Гумени бонбони

Не само гумените бонбони туку и слични слатки треба да се избегнуваат. Тие се грозни за забите бидејќи се лепат на забите, а што повеќе постојат помеѓе забите повеќе бактерии се појавуваат кои прават појава на кариес.

Извор: ezdravje.mk

GOLD
GoldSlot
To Top