Новости

Здравје

Може ли салото да се претвори во мускули?

Постојат многу митови за дебелината и слабеењето. Ќе ги наброиме најчестите митови и она што е вистина.

1. Мускулите може да се претворат во масти и обратно Мускулите и маснотиите се две сосема различни типови ткива, па затоа еното не може да се трансформира во другото. Значи, ако престанете да вежбате, вашите мускули ќе се намалат, додека клетките на мускулното ткиво ќе се прошират. Тоа е причината кога ќе престанете да вежбате што забележувате повеќе салце на вас.

2. Мрсната храна создава маснотии Салото настанува со внесување повеќе калории од колку што се трошат. Се разбира, мрната храна може да придонесе кон тоа, но многу е важно да се знае дека постојат здрави и нездрава масти. Така, на пример, маслиновото масло спаѓа во категоријата здрави масти, па затоа треба да биде дел од вашата исхрана.

3. Салото може да се изгуби од одреден дел на телото Не! Ако сакате да го намалите процентот на масно ткиво, не можете да го направите од одреден дел од телото, туку од секаде. Но тажна вистина е дека областа од која сакаме да ја изгубиме маснотијата е токму она што е најтврдокорно и најдолго си останува на нас.

4. Мускулите се потешки од мастите Килограм сало е исто колку килограм мускул – килограм, но, разликата е во волуменот, бидејќи мускулите се покомпактни и погусти, така што килограмите на мускулите заземаат помалку простор од тежината на маснотиите.

5. Не можете да изгубите тежина и да изградите мускули во исто време Како што вели „Shape“, тоа е вистина. Во процесот на согорување на маснотиите,телото ќе согори и дел од мускулите, но тука може да се интервенира со јадење богато со протеини.

GOLD
SN Finansii
To Top