Новости

Здравје

ОЦТ тест-значаен за мажите со нормално семе

Единствено во Македонија и пошироко во регионот, андролошкиот кабинет при ИВФ центарот за асистирана хумана репродуцкија во Болница Плодност, воведува најсовремена анализа за одредување на нивото на оксидативен стрес во семената течност кај мажот, која се применува во светските ИВФ центри.

Важноста на овој тест се однесува на паровите со нормален спремограм и нормален наод кај жената, или т.н. идиопатски стерилитет или неплодност од непознати причини. Особено мажите со нормален спермограм треба да го прават овој тест бидејќи пореметувањето на оксдацијата на сперматозоидите кое не може да се докаже со нормално испитување на спермограмот, може да предизвика неплодност или спонтани абортуси кај жената. Затоа го препорачуваме овој тест особено кај мажите кои што имаат нормален спермограм, бидејќи со одредена терапија може да дојде до природно оплодување, а при тоа да се избегне ин витро оплодување. Со оваа анализа се одредува рамнотежата помеѓу штетните оксиданси и заштитните антиоксиданси во спермата.

Може да се примени на свежи примероци на сперма, но и после одмрзнување на замрзнати примероци. Високи нивоа на оксиданси го отежнуваат или оневозможуваат оплодувањето, влијаат врз развојот на ембрионите и го намалуваат процентот на бременост после вонтелесно оплодување, но и кај мажи со нормален спермограм го продолжуваат времето до спонтатно постигната бременост.

To Top