Новости

Здравје

Растителни извори на Омега 3 масни киселини

Омега-3 масните киселини се од исклучително значење за здравјето. Го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, влијаат на развивањето на фетусот и ретиналната функција, како и за одржување на телесната тежина.

Рибата е дефинитивно најдобар извор на Омега-3, но постојат и други квалитетни растителни извори – еве дел од нив:

1) Морска трева (алги)

Покрај тоа што се богати со јод и останати витални хранливи состојки, алгите содржат DHA и EPA масни киселини.

2) Семе од чиа

Ова семе е едно од најдобрите растителни извори на овие масни киселини. Покрај тоа, богати се со растителни влакна што ги прави идеални како додаток на јогурти, салати, смутија и разни пијалаци.

3) Ореви

Оревите се преполни со здрави маснотии и омега-3 масните киселини, го подобруваат здравјето на мозокот и прилично заситуваат, па така се препорачуваат како замена за вообичаените „грицки“ доколку огладнете во тек на денот, а сè уште не е време за обилен оброк.

4) Прокељ

Овој зеленчук го подобрува здравјето на срцето и го намалува ризикот од развивање на кардиоваскуларна болест, а една шолја содржи над 135mg. од препорачаната дневна доза na омега-3.

5) Семе од коноп

Помалку познато од останатите семиња, она од коноп нуди здравствени придобивки од намалување на симптомите на артритисот, па до губење на тежината. Тоа е и одличен извор на омега-3 и омега-6 масни киселини, како и витални растителни протеини.

 

GOLD
To Top