Следува периодот кога најмногу се качуваат килограми - Шеталиште

Новости

Здравје

Следува периодот кога најмногу се качуваат килограми

Според неодамнешното истражување на територијата во САД, почетокот на ноември е месецот кога луѓето тежат најмалку.

После тој месец, тежината е во константен пораст поради уживањето во обилните ручеци и вечери. Истражувањето опфатило 1800 Американци, како и 800 Германци и 400 Јапонци во период од неколку години, почнувајќи од август 2012-та година. Американците имале најмногу килограми за Нова година, а таквата тежина останува непроменета, или зголемена до крајот на април. Со оглед на тоа што Американците се една од најдебелите нации на светот, само една четвртина од испитаните била „претешка“, па резултатите сепак и не можат да дадат јасна слика за целата земја.

Авторот на студијата Брајан Вансинк вели дека овие луѓе за време на Божиќните и новогодишните празници накачуваат по неколку килограми, меѓутоа после во текот на годината најчесто ги губат килограмите, пред се поради спортските активности во пролетните и летните месеци.

Поради тоа, тој за New York Times го откри својот предлог: „Наместо на луѓето да им сугерирате како да ја загубат тежината после Божиќните и новогодишните празници, можеби би било подобро да ги советувате во ноември што и колку треба да јадат“, вели Вансинк./МИА

To Top