Новости

Здравје

Употреба на пробиотици кај новороденчињата

Во рамките на стручниот состанок во присуство на докторскиот тим од Болница „Плодност“ и главните сестри на одделите во болницата, д-р Маргарита Камбовска, специјалист педијатар одржа стручно предавање на тема „Употреба на пробиотици кај новороденчињата“.

Д-р Камбовска пред своите колеги од болницата ги презентираше најновите сознанија од оваа област. На овој начин, Болница „Плодност“ ја мотивира работата на секој од своите доктори, кои пак, споделувајќи ги најновите медицински сознанија од сите области меѓусебно, заедно како тим се движат во правец на напредната медицина, светските трендови и современите технологии. Само успешно едуциран тим, кој заеднички делува, може да донесе успеси какви што впрочем има Болница „Плодност“.

GOLD
To Top