Новости

Здравје

Успешна ин витро приказна: Никогаш не се откажувајте – порака на 49 годишна мајка од Битола

По речиси 24 години брак и 23 години сон да се биде мајка, Силвана Ацевска од Битола во Болница „Плодност“ ја донесе на свет Марија. Со нескриена радост Силвана ја раскажа својата приказна за тоа како на неколку дена пред својот 49-ти роденден, го добила својот најубав животен подарок.

„Се обидувавме насекаде во изминатите 23 години преку ин витро постапката да добиеме дете. Неколку пати во различни клиники во земјава, но безуспешно. Дури некако и се помиривме со тоа дека нема да можеме да имаме дете и поднесовме документи за посвојување во Домот за доенчиња. И тука, секоја година ни бараа обновување, нови документи, па не убедуваа сега ќе биде, па после….и од тоа ништо. Сепак, откако разговаравме со д-р Таше Трпчевски, чиј пациент сум долго време, ме убеди повторно да се обидам со ин витро постапката, бидејќи немам што повеќе да загубам. И ете, некако растеретено, со постојана контрола и грижа на д-р Трпчевски, овој пат оплодувањето беше успешно, а редовните контроли ми дадоа надеж дека и јас конечно ќе го реализирам мојот животен сон. 9 месеци поминав во плачење и неверување, дека ете и јас ќе бидам мајка. Дојде и тој ден, со царски рез во Болница „Плодност“ на свет дојде Марија. 24 часа по породувањето сеуште не можам да се свестам ниту јас, ниту мојот сопруг, ниту пак моето семејство и сите сеуште плачеме од радост. За условите, пороѓајот, третманот на персоналот, грижливоста, чистотата, навистина немам зборови. Едноставно-хотел со 5 ѕвезди“, ни рече Силвана Ацевска. 

Таа е уште еден од многуте примери на жени кои по пат на ин витро постапката го реализираат животниот сон да станат мајки. Силвана испрати порака до сите кои што се обидуваат да имаат деца, да дојдат во Болница „Плодност“, затоа што таа е пример дека и на 49 години може да се стане мајка.

GOLD
SN Finansii
To Top