Новости

Здравје

Хит во здрвата исхрана во 2018: Хлорела за детоксикација и ревитализирање на оргазнизмот

Хлорелата е вид на едноклеточна зелена алга која содржи фотосинтетички пигмент – хлорофил. Се размножува многу брзо, по пат на фотосинтеза, и при тоа бара само јаглерод диоксид, вода, сончева светлина и мала количина на минерали.

Таа е привлечен извор на храна, бидејќи е богата со протеини и други важни хранливи состојки. Во сува форма хлорелата содржи околу 45% протеини, 20% масти, 20% јаглехидрати, 5% растителни влакна, и 10% минерали и витамини. Поточно, таа содржи 18 амино киселини(вклучувајќи ги и сите есенцијални амино киселини), сите Б витамини, витамин Ц, витамин Е, витамин К, бета-каротен, магнезиум, железо, и фолна киселина.

Хлорелата исто така содржи еден уникатен фитонутриент (sporopollenin) кој се врзува со токсините и ги исфрла надвор од телото, и е поефикасен од било која друга природна супстанција. Тој има способност да го прочисти телото од биотоксини (туберкулоза и тетанус), ги филтрира ксенобиотиците (пестициди и индустриски отпад), ги елиминира тешките метали (жива, олово, никел и алуминиум), и ги извлекува надвор од телото конзервансите, вештачките бои и ароми, кои ги има во храната.

Некои клинички испитувања сугерираат дека хлорелата има способност да го намали високиот крвен притисок, да го намали нивото на серумски холестерол, да го забрза заздравувањето на раните и да ги подобри имунолошките функции кај луѓето.

Како лек, хлорелата се користи за спречување на рак, намалување на несаканите ефекти од терапија со зрачење, подобрување на реакцијата при вакцина против грип, зголемување на белите крвни клетки (особено кај луѓе со ХИВ или канцер), спречување на настинки, и забавување на процесот на стареење. Таа исто така се користи за да се зголемат добрите бактерии во цревата, со цел да се подобри дигестијата, и да помогнат при лекување на чиреви, колитис, кронова болест, дивертикулоза и фибромијалгија.

Нејзината најчеста употреба е за зголемување на енергијатадетоксификација на телото, и како извор на магнезиум со цел промовирање на ментално здравје, олеснување на предменструален синдром, и намалување на астматични напади.

Освен тоа, хлорелата ја чисти крвта и го оптимизира кислородот во неа, при тоа алкализирајќи го телото.

Хлорелата може да се користи секојдневно, но краткорочно (до 2 месеци), а потоа да се направи неколку недели пауза. Најчестите несакани дејства вклучуваат дијареа, гадење, гасови и надуеност, позеленета столица, грчеви во стомакот (особено во првата недела од употреба). Но во најголем број случаи ова не се последици од употребата на хлорела, туку реакции на процесот на детоксификација на организмот.

Употребата на хлорела во тек на бременост и лактација не е доволно проучена, па затоа не се препорачува нејзино конзумирање.

Кај луѓе со автоимуни болести, како што се мултиплекс склероза, лупус, ревматоиден артритис и други, хлорелата може да предизвика имунолошкиот систем да стане поактивен, и ова може да ги зголеми симптомите на автоимуните болести. Затоа во вакви случаи најдобро е да се избегне користењето на хлорела.

Исто така не се препорачува кај луѓе кои се чувствителни на јод, бидејќи можно е хлорелата да содржи го содржи истиот и да предизвика алергиска реакција.

Како и при употребата на секоја друга супер-храна, така и во овој случај треба да се следат упатствата на самото пакување т.е. на произведителот, и да се почне полека и со помала количина. При тоа треба да се следи реакцијата на телото, и да се прилагодува количината соодветно.

To Top