Новости

Здравје

Што е Пост коиталниот тест?

Во близина на времето на овулација секој месец, јајниците излачуваат естроген кој стимулира производството на слуз од грлото на матката. Сперматозоидите мора да навлезат и да пливаат низ овој слуз, а потоа патуваа низ репродуктивниот тракт за да стигнат до јајце клетката за да ја оплодат. Меѓутоа, во некои случаи, има некомпатибилност помеѓу спермата и цервикалниот мукус, предизвикувајќи да сперматозоидите станат неподвижни или да изумрат, со што се спречува оплодувањето.

Што значи оцената на Пост коиталниот тест?

Тоа ја оценува интеракцијата помеѓу спермата и цервикалниот мукус во време на овулацијата и да се утврди дали постои некомпатибилност. ПЦТ е лош индикатор за бременост, но може да биде корисен за да се утврди дали има потреба за интраутерина инсеминација (IUI).
Зошто се прави?
Ако по првичните тестови кај жената констатирано е дека женскиот партнер има правилна овулацијата , нејзините јајоводи не се блокирани и анализата на спермата кај машкиот партнер е нормална, лекарот може да побара да се изведе ПЦТ за да се исклучи некоја неправилна интеракција помеѓу цервикалниот слуз и сперматозоидите.

Како се изведува процедурата?

Пост коиталниот тест се прави 1-2 дена пред овулацијата кога цервикалниот мукус е тенок и еластичен и сперматозоидите може лесно да се движат низ него во матката. Испитувањето се врши во рок од 2-8 часа после секс. Тестот опфаќа земање на мала количина на цервикална слуз и нејзино испитување. Земањето на цервикалната слуз се врши со спекулум и исто така се користи ултразвучен апарат за да се види дека е пред овулација. За жената не претставува никаков проблем и е безболно.

Оценување и резултати од тестот:
Нормален:
Нормални количини на сперматозоидите се пронајдени во примерокот.
Подвижноста на сперматозоидите е нормална
Квалитетот на цервикалниот слуз е нормален

Абнормален:
Слуз е густ, леплив и во помала во количина
Нема доволно сперматозоиди
Нема доволен број на подвижни сперматозоиди

Доколку има некои од овие абнормалности се препорачува интраутерина инсеминација IUI .

To Top