Новости

Здравје

5 работи кои може да ги направите ако нозете ви се постојано смрзнати

Сите кои патат од вечно смрзнати стапала, знаат колку е непријатен проблемот. Посебно до израз доаѓа пред спиење, кога е речиси невозможно да заспиете заради неможноста да ги стоплите.

5-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-ako-nozete-vi-se-postojano-smrznati-01.jpg

Постојат барем 5 работи кои можете да ги направите за да го ублажите непријатното студенило:

1. Носете внимателно одбрани обувки

Ако по цел ден сте во едни обувки, вреди да вложите во нив. Потрудете се да бидат од природни материјали, а не синтетика. Нека не бидат премногу тесни, бидејќи така дополнително ја отежнувате циркулацијата на крв.

2. Пијте многу течности

Со пиењето на многу течности, посебно топли, ќе го поттикнете крвотокот. Избегнувајте алкохолни пијалаци кои моментално ве загреваат, а подоцна имаат спротивен ефект. Истото важи и за топлото кафе.

5-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-ako-nozete-vi-se-postojano-smrznati-02.jpg

3. Посетете сауна

Најбрз начин да ја разработите циркулацијата на крв е сауната. Дозволете си неколку посети во текот на месецот.

4. Туширајте се со топло-ладна вода наизменично

Ова е неверојатно лесен и стар трик во борбата против студени стапала. Туширајте се или пак млазот вода насочете го само кон стапалата и пуштете млака накај студена вода. Потоа направете контраст со топла вода.

5. Масажа

Масажата на стапалата е идеална доколку има кој да ви ја овозможи пред да си легнете.

5-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-ako-nozete-vi-se-postojano-smrznati-03.jpg

Извор: crnobelo.com.mk

GOLD
To Top