Новости

Здравје

7 совети за луѓе со висок крвен притисок или проширени вени

Виното и миленичето до вас и нозете нагоре, верувале или не, токму тоа е лекот!

7-soveti-za-lugje-so-visok-krven-pritisok-ili-proshireni-veni-001.jpg

Речиси секој од нас имал искуство со студени стапала или вкочанетост во прстите. Но, ако ова ви се случува секој ден, потребна ви е помош.

Тоа се сигнали дека циркулацијата на крвта ви е слаба, што може да доведе до проблеми со бубрезите, проширени вени и други болести.

Некои навики може да ви помогнат да ја подобрите циркулацијата:

Земете си милениче

Поседувањето на милениче, особено куче, го намалува ризикот од срцеви заболувања. Специјалната врска со него ќе ви го намали стресот и регулира срцевиот ритам.

Исто така, кучето ќе ве натера да излезете од домот и да прошетате, што е одлична кардиоваскуларна вежба.

7-soveti-za-lugje-so-visok-krven-pritisok-ili-proshireni-veni-01.jpg

Изберете вино наместо пиво

Едно истражување покажа дека пиењето вино може да го подобри срцевото здравје. Содржи антоксиданти и други здрави состојки.

Се разбира, клучот е во умереноста. За жени една чаша на ден, а за мажи две.

7-soveti-za-lugje-so-visok-krven-pritisok-ili-proshireni-veni-02.jpg

Јадете зачинета храна

Зачините како биберот ги прошируваат крвните садови и го зголемуваат протокот на крв. Тие помагаат вашиот кардиоваскуларен систем да функционира подобро и да го задржи крвниот притисок нормален.

На вашата храна додавајте и повеќе кромид и лук. Лукот ги опушта крвните садови и ја подобрува циркулацијата на крвта. Кромидот има високо ниво на антиоксиданти, што го спречува згрутчувањето на крвта.

7-soveti-za-lugje-so-visok-krven-pritisok-ili-proshireni-veni-03.jpg

Носете ја вистинската облека

Лекарите предлагаат да не носите тесна облека подолго време. Тесните панталони и фармерки ја попречуваат циркулацијата и можат да го поттикнат развојот на проширени вени.

Пошироката облека дозволува крвта нормално да циркулира низ вашето тело.

7-soveti-za-lugje-so-visok-krven-pritisok-ili-proshireni-veni-04.jpg

Консумирајте продукти богати со фолна киселина

Една од најважните причини за консумирање на храна богата со фолна киселина е клеточниот раст и регенерацијата.

Фолната киселина е вклучена во создавањето на црвените крвни клетки и спречувањето на анемија. Недостигот на фолна киселина ќе влијае на коагулацијата на крвта.

Извори на фолна киселина:

  • Темниот лисест зеленчук (спанаќ, зелена салата)
  • Брокули и авокадо
  • Портокал, грејпфрут, папаја, банана, јагоди
  • Грав, грашок и леќа
  • Семиња и јаткасти плодови (семки од сончоглед, бадеми, ореви)
  • Карфиол, цвекло, пченка и морков

7-soveti-za-lugje-so-visok-krven-pritisok-ili-proshireni-veni-05.jpg

Подигнете ги нозете

Ставањето на нозете над нивото на срцето ја подобрува циркулацијата веднаш, бидејќи ги ослободува крвните садови и нозете од притисокот. Исто така, помага да се релаксирате.

Движете ги прстите и правете кружни движеа со подигнатите стапала. Држете го за 20 минути нагоре, неколку пати во текот на денот, и циркулацијата ќе ви се подобри.

7-soveti-za-lugje-so-visok-krven-pritisok-ili-proshireni-veni-06.jpg

Масажа

Добрата масажа ја зголемува локалната циркулација, бидејќи го стимулира протокот на крв во меките ткива. Неколку истражувања покажаа дека масажата позитивно влијае на васкуларната функција.

Користете бадемово, кокосово или маслиново масло за комплетна реалксација. Масажа неколку пати неделно е навистина препорачливо.

7-soveti-za-lugje-so-visok-krven-pritisok-ili-proshireni-veni-07.jpg

Извор: www.crnobelo.com

Evrotip
Евротип
To Top