Новости

Здравје

Силна порака испратена од Брисел – СТОП на хепатитот за новите генерации

Од јануари 2017 година на европско ниво се одвива кампања посветена на универзалната здравствена покриеност на сите пациенти до 2030 година предводена од ЕПФ – Европскиот пациентски форум во партнерство со европскиот парламент и европската комисија. Конференцијата на тема “Преземање на акција-Патоказ за постигнување универзална здравствена покриеност за сите пациенти до 2030 година” беше одржана во Европскиот парламент во Брисел.

На оваа Конференција присуствуваа голем број ЕУ парламентарци и ЕУ комесарот за здравство и безбедност на Храната, Витенис Андриукаитис кој заедно со заменик претседателот на ЕЛПА и Хепар Центар Битола, Македонија, Милан Мишковиќ испратија силна порака, #NOhep for the new generation – СТОП на Хепатитот за новите генерации и универзален пристап до содветната здравствена заштита за сите пациенти во Европа. Од оваа конференција произлегоа одредени препораки кој ги следат земјите членки на ЕУ, а додека аспирантите за членство во ЕУ, во кои спаѓа и Македонија, треба да исполнат одредени стандарди кои се предвидени во посебно поглавје за членство во Европската Унија.

Во рамките на Поглавјето 28, Заштита на потрошувачите и здравјето (Consumer and Health protection) земјите аспиранти треба да достават одредени извештаи кон оваа поглавје кое ги опфаќа како специфични обврзувачки правила во областа на јавното здравје бидејќи Хепатитот претставува јавно здравствен проблем.

-Како заменик претседател на ЕЛПА и Хепар Центар Битола, Македонија, можам да кажам дека Р.Македонија постепено се вклучува во процесот за елиминација на Хепатитот. Преговорите со здравствените власти продолжуваат во однос на имплементација на новите медикаменти и изработката на националната стратегија. Како резултат од досегашните преговри се гледа политичката волја овој процес за пристап до лековите за елиминација на хепатитот да се реализира во нашата земја. Изработката на националната стратегија за елиминација на овие опасни и тифки убици веќе беше најавено на прес конференцијата на Министерството за здравство на Р.Македонија по повод 100 дена влада, вели Мишковиќ.

Значаен пресврт за животот на пациентите со хроничен хепатитот претставува набавката на најсовремените медикаменти за одреден број на пациенти кои се наоѓаат во критична ситуација, за да не развијат одредени карциноми и да ги изгубат своите животи.

Македонија е во процес на обезбедување на почетна мала набавка на современи иновативни лекови за Инфективната Клиника во Скопје со помош на Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија. што претставува голем успех и помрднување од мртва точка на работите во процесот на елиминација

Хепар Центарот во однос на изработката на националната стартегија за елиминација на Хепатитот во Македонија понуди барање до премиерот да ги следи стапките на европските политичари и да се приклучи во Европската здравствена дипломатија за европски перспективи, а неговиот прв потег би бил покровител на елиминацијата на Хепатитот до 2030 година во нашата земја.

Evrotip
Евротип
To Top