Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (01.04.2017)

Овен

Вашите амбиции ќе бидат максимално нагласени и ќе влијаат на односите со околината. Преземете неколку нови обврски и обидете се да ги исполните. Имајте доволно трпение за оние кои ви се драги, не ги навредувајте со потезите. Доколку поседувате приватен бизнисц, вработените би можеле да покажат револт заради вашите лажни ветувања.

Бик

Имате многу идеи и ќе добиете прилика да разговарате за можностите кои се поврзани со реализирањето на тие идеи. Од некои соработници ќе слушнете некакви коментари кои би можеле да ве поколебаат.

Близнаци

Денешниот ден за вас ќе биде релативно добар. Ќе имате добри односи со околината и ќе бидете ефикасни во она што го работите. Вашата позиција е малку нестабилна и ве предупредува на ограничувања, кои треба да ги прифатите без многу отпор. Елиминирајте ја нервозата. Можни се неочекувани добивки.

Рак

Пристрасно гледате на работите кои го окупираат вашето внимание. Пожелно би било да се посоветувате со некој за да најдете начин за подобро функционирање. Ќе бидете загрижени поради застој во работата. Немојте да се вознемирувате, бидејќи се работи за нормална појава. Некои од вас ќе постигнат успех во нешто што им е многу важно.

Лав

Не дозволувајте премногу да се опуштите, затоа што можете да го изгубите чувството за одговорност. Денес малку потешко ќе ги следите настаните околу вас, што произлегува од вашата намалена концентрација. Односите со другите ќе бидат предизвикувачи, и потребно е да покажете еластичност во ставовите и доверба.

Девица

Ќе ги забележувате површните и напнатите меѓучовечки односи во својата околина. Би можеле да чуете неповолна работна вест или да страдате од нервоза поради неодговорноста на претпоставената личност. Се зголемуваат обврските во домот и семејството.

Вага

Многу обврски и лажни ветувања ве водат до нервна исцрпеност, бидејќи не знаете на кого можете да сметате. Се трудите да бидете фер и на сите да им излезете во пресрет. Изгледа дека само вие се придржувате до правилата. Некој Стрелец ќе ви донесе нови предлози и можности во врска со некоја хонорарна работа.

Шкорпија

Состојбата на работното место е значително поволна. Активноста и енергичноста во решавањето на проблемите ќе ви биде на повисоко ниво. Односите со околината се подобруваат, но сепак бидете умерени во пристапот и комуникацијата.

Стрелец

Ова би можел да биде солиден ден за оние кои се упорни и амбициозни, практични, и оние кои сакаат по секоја цена да ги истакнат своите квалитети во работата во која немаат големо искуство. Ако сте помалади не ги прфаќајте одговорните задачи за кои сеуште не сте подготвени. Ве очекува многу поволна вест во однос на финансиите.

Јарец

Деловните состаноци за вас ќе бидат голем проблем бидејќи ќе ви земат дел од приватното време. Но не се лутете, тие ќе ве однесат до поволен профит. Имате среќа во некои избрзани одлуки, но во иднина внимавајте како постапувате. Вашето семејство ќе побара од вас заем, не кријте дека сте во криза, кажете им го тоа.

Водолија

Не сте подготвени во нешто да попуштите, особено не кога станува збор за некоја работа која бара физичка кондиција. Ќе се бунтувате и ќе навлезете во кавга со околината која ќе ги осуди вашите постапки. Ќе имате голем број на проблеми за решавање, затоа прво смирете се и пристапете на соодветен начин.

Риби

Можно е да постојат мали несогласувања со семејството. Околностите, луѓето и случувањата се повеќе ќе ве наведуваат на тоа дека треба да поработите на својот професионален развој и стручно усовршување. Не сте перфекционист по природа, но ќе ги побарате сите информации кои би можеле да ви помогнат.

GOLD
To Top