Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (03.04.2017)

Овен

Трудете се да најдете вистински и проверени деловни партнери кои би можеле да ви обезбедат материјална безбедност. Постои некоја неизвесност и несигурност, затоа немојте да инсистирате за нешто што всушност не ви одговара. Ситуацијата е слична на вчерашната, некои грешки може да бидат повторени. Бидете внимателни.

Бик

Работите не се одвиваат онака како што сакате. Попладневните часови носат извесна сигурност или некој нов поттик за работа. Не правете еуфорија од обични ситници. Ќе биде потребно да се смирите и повторно да размислите.

Близнаци

Избегнувајте дополнителни или чувствителни разговори. Пожелно е да ги намалите деловните контакти и да си ги разјасните сопствените планови. Премногу сте расеани, работата страда, но страдаат и старите пријателства, кои многу ви значат.

Рак

До предпладне времето ќе ви биде исполнето со состаноци и контакти. Дел од нив се исцрпувачки и бесполезни. Независно од тоа, сепак ќе го задржите доброто расположение. Имате можност за солидна добивка. Посветете му повеќе внимание на семејството.

Лав

Започнете го денот со ситни задачи. Сериозните ќе бараат многу повеќе концентрација и претежно самостојна работа без мешање од страна. Избегнете ги несаканите контакти. Семејството очекува премногу од вас, не се разочарувајте.

Девица

Потребно е да сфатите дека не треба да ги користите туѓите слабости за да добиете некои поени, на сметка на другите. Напротив, покажете колку сте способни и колку вие самите можете да успеете во замислите. Некоја грешка скапо ќе ве чини.

Вага

Дури и да има повод за конфликт правете се дека не го забележувате. Гледајте од високо на секојдневните проблеми и не се нервирајте за ситници. Обрнете внимание на членовите на вашето семејство, бидејки имаат потреба од ваш совет. Стабилни и реални, како и секогаш, ќе успеете да ги победите предизвиците.

Шкорпија

Ова е еден од оние денови во кој не знаете што да правите со себе си и најверојатно ќе сфатите дека многу сте погрешиле во одлуките и мислењето за другите лица. Нема да бидете задоволни со тоа што ќе бидете игнорирани од некој соработник за кој мислевте дека ќе ви помогне.

Стрелец

Имате начин да се договорите со некој близок пријател, но во последно време имате проблем во комуникацијата, особено ве нервира притисокот кој го врши врз вас. Со партнерот избегнете ги расправиите, најдете начин да се уверите дека сте во право. Ќе добиете прилика да решите некое финансиско прашање.

Јарец

Имате можност да реализирате неколку деловни состаноци, вашите идеи и планови ќе бидат поздравени од сите. Немате трпение за лицата кои бавно напредуваат, па најверојатно ќе ја раскинете соработката со нив. Покажете заинтересираност кога комуницирате со некој поранешен пријател.

Водолија

Неколи лица планираат проширување на соработката со вас и ќе ви предложат конкретен начин како да се одвива тоа. Вие незаинтересирано ќе ги одбиете и ќе се сомневате во нивните цели. Лавот ќе ве потсети дека за исполнување на соништата потребно е и да ризикувате.

Риби

Се трудите да го дадете максимумот од себе и не се впуштате во непотребните расправии со оние кои ве нервираат или не знаат што сакаат. Имате можост да започнете некоја нова работа, во која постои можност вашето хоби да го претворите во пари. Озборувањата околу вас неповолно ќе влијаат на вашето расположение.

GOLD
To Top