Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (05.04.2017)

Овен

Можеби подолго време ќе чекате да добиете одлична деловна понуда, но секако дека ќе ја добиете. Сепак внимателно размислете за понудата, одлучете дали сакате со тоа да се занимавате во иднина и дали имате можност за напредување. Некоја блиска личност ќе ви помогне да донесете одлука.

Бик

Иако вашите пријатели не ве разбираат многу, тие ќе ги поддржат вашите напори. Препоставувате дека тие ќе се спротивстават на вашите необични идеи, но можеби само не сакаат да размислуваат на начин на кој вие го правите тоа. Ако чувствувате дека се е во ред, направете чекор напред и остварете ги своите планови.

Близнаци

Ќе бидете задоволни со развојот на деловната ситуација. Добрите резултати од разговорите со претпоставените ќе ви дадат нов полет. Совладајте ја нетрпеливоста и сметајте на мало забавување. Внимавајте на односите со партнерот и членовите од семејството.

Рак

На работното место предизвикувате конфликти. Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот.

Лав

Ќе соработувате со новите колеги, менувајќи го местото и начинот на работата. Финасиската состојба се подобрува. Љубовниот живот без значителни промени.Ќе добиете некој повик кој ќе биде исклучително важен за вашата иднина.

Девица

Можни се проблеми во љубовта. Ако имате партнер ве очекуваат расправии и тоа наjмногу од нерешените проблеми во минатото. Тоа ќе делува на вашето расположение , но сепак немојте да се затворате во себе, излезете, другарувајте и забавувајте се.

Вага

На работното место ќе забележите значителна предност пред вашите соработници. Ќе доминираат вашата оригиналност и висока стручност што ќе ви овозможат да добиете некое признание на кое нема да обрнете некое поголемо внимание. Во комуникациите ќе бидете помалку колебливи, а како ќе се развиваат контактите ќе зависи од вашето однесување.

Шкорпија

Се наоѓате во конфликтна ситуација. Наместо да ги обвинувате другите, обидете се да го најдете својот дел на одговорност, за да можете да ја пребродите кризата. Добро би било конструктивно размислување во врската во која се наоѓате.

Стрелец

Ќе успеете да решите некои тешкотии и ќе почнете да размислувате за еден финансиски проблем кој подолго време ве измачува. Ќе имате многу концентрација и смисла за најразлични иницијативи. Комуникациите со околината ви се подобруваат.

Јарец

Вашата обновена енергија ќе биде насочена кон љубовта, а ќе имате и прилика да го освежите односот со партнерот или ако сте слободни да си најдете љубовно задоволство. Можеби ќе имате мали проблеми со здравјето, некоја ваша честа болка, но тоа нема да ви биде пречка во извршувањето на секојдневните обврски.

Водолија

Внимавајте на вашите постапки, бидејќи можете да ги прекршите правилата, а последиците нема да бидат незабележани. Контактите со странство се од голема важност и ви се отвараат врати за нови комбинации и работи. Постои можност за патување или пак посета од далеку. Не ги доверувајте вашите тајни на секого.

Риби

Ве очекуваат проблеми поврзани со работното место. Работните задачи извршувајте ги како да сте постојано под контрола и само така ќе ги избегнете конфликтите со претпоставените. Односите со околината се значително подобри. Решете го конфликтот со семејството на најразумен начин.

GOLD
To Top