Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (27.03.2017)

Овен

Ќе ви недостига мотивација да останете на бирото до крајот на работното време. Иако вие сте по принцип трудољубиви и вредни, денес ќе бидете мрзеливи и склони да ги правите работите колку да бидат направени, без притоа да внимавате на квалитетот на сработеното.

Бик

Ако до крајот на денот успеете да го задржите позитивното чуство со кое сте се разбудиле утрово, денешниот ден ќе ви донесе добри прилики и уживање. Обидете се со нешто што сеуште не сте го направиле, а од секогаш сте го посакувале. Денес закажете средба со пријателите и поминете си убаво.

Близнаци

Во текот на денот ќе имате прилика да ја поправите вашата финансиска ситуација, но не ги зголемувајте трошоците.Сите преостанати пари кои не сте ги потрошиле, тргнете ги на страна, доаѓаат периоди во кои ќе ви бидат потребни. Некоја среќна вест ќе измами насмевка на вашето лице.

Рак

Вашата комуникативност ќе биде причината за новонастанатите или подобро новоиницираните работни задачи или проекти во вашата фирма. Пофалбите ќе ги добите доколку темелно ги проанализирате и објасните вашите ставови, а колегите тоа го прифатат. На љубовен план без некои посебни збиднувања.

Лав

Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе имаат интересни средби кои отвораат можности за нови почетоци, а оние кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба, затоа што работите се подобруваат.

Девица

Интензитетот на вашите општествени и љубовни активности ќе опадне. Ќе бидете склони кон повлекување и размислување за зацврстување на љубовна врска во која наоѓате разбирање и длабоки емоции. Ќе ве измачуваат и некои недоверби во врска со вашите способности, а во тоа многу ќе ви помогнат блиските личности.

Вага

Ова е исклучително среќен ден за вас и во него ќе ги слушнете и искусите сите нешта кои ги посакувате и се надевате на нив. Не ги набљудувајте од страна, учествувајте во прекрасните моменти, поминати со саканите личности. Некои блиски лица јасно ќе ви покажат колку им значите.

Шкорпија

Вашата имагинација е во полна снага, низ главата постојано ви се мотаат нови идеи. Сето тоа е убаво, но сепак постојат работи кои можат да ви одмогнат. Внимавајте на лицата околу вас, некој не е искрен во неговите разговори. Очекувајте прекрасно изненадување од блиските лица.

Стрелец

Имајте трпение и доверба во себе и во вашиот партнер. Работите кои се случуваат се малку поголема промена во животот, но сепак тие нешта ве водат кон подобра иднина, како од финансиски аспект, така и од приватен аспект. Дадете му ја вашата подршка на партнерот. Претстои период во кој финансиски ќе зајакнете.

Јарец

Емоционалниот живот ви е пријатен и хармоничен. Ќе имате многу добар контакт и одлично ќе се разбирате со партнерот. Можеби ќе се појави некој проблем на работното место, но вие успешно ќе се справите со него. Некоја личност која во минатото не била праведна кон вас, ќе побара средба и можност за нови почетоци.

Водолија

Проблемите кои ве измачуваа досега ќе бидат минато, а сето тоа е благодарение на позитивната енергја која ќе владее во вас. Конечно трезвено размисливте дека не е се така како што ви изгледа. Поминете го слободното време во друштво со пријателите и семејството.

Риби

Ве измачува тежината на работата која ја работите, но подобрувањето на финансиската ситуацја ќе ве смири комплетно. Размислете малку околу инвстициите и враќањето на долговите. Ова е среќен ден за вас, поминете го во друштво на вашиот партнер и уживајте.

Евротип
Евротип
To Top