Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (28.03.2017)

Овен

Дека сте храбри и активни тоа е јасно, но денес тоа нема да биде доволно. Ќе ви треба уште флексибилност и дипломатија. Без оглед какви проблеми ќе настанат бидете подготвени да ги решите со компромиси и ветување. Не се потпирајте само на себе, ќе ви биде потребна дополнителна поддршка.

Бик

Пред вас стои ново работно место кое најверојатно ќе биде подобро платено од досегашните ваши работни места. Бидете посериозни и работете вредно, трудот ќе ви се исплати. Во љубовта имате неверојатна среќа што сте ја запознале личноста која стои до вас. Таа е вашата поддршка каде и да одите што и да правите.

Близнаци

Комуникацијата со вашите пријатели ќе биде одлична. Имате се што ви е потребно со цел јасно и искрено да се искажете без никој да се почувствува навреден. Работите кои ќе ги направите во друштво, ќе ви донесат резултати кои одамна ги посакувате. Можеби ќе биде потребно да имате поголемо разбирање за некој од блиските личности.

Рак

Околината ве советува да направите нешто за кое вие сеуште не сте подготвени. Имате проблеми самите со себе и никако не можете да се договорите. Можеби се плашите од обврските кои доаѓаат. Вашите пријатели ќе ве повикаат на разговор за заедничко инвестирање, но внимавајте можеби вие сте само изворот на финансии.

Лав

Не треба да се разочарувате затоа што лицата околу вас имаат работа која е подобро платена, сами треба да го промените тоа, вие вредите повеќе но во моментов сте во неблагодарна ситуација која не ви дозволува да барате посебни услови на работното место, затоа издржете уште малку и зачувајте ја работата. Ќе имате финансиска поддршка од партнерот.

Девица

Сакате забава за една ноќ, но тоа може скапо да го чини вашиот кредибилитет. Не се плеткајте во работата на шефот, и не им шефувајте на колегите. Односите со околината ќе бидат предизвикувачки, па се советува да одржувате здрава дистанца . Вклучете се во некоја нова активност и пополнете си го времето.

Вага

Имате големи очекувања од иднината, но наместо толку да се надевате земете и најпрвин завршете ги работните обврски, потрудете се да се вклучите во нови работни проекти, истакнете се и обидете се да заслужите напредување. Постои можност да сретнете некоја личност од минатото која ќе ве потсети на некои убави моменти.

Шкорпија

Постои некаков нерешен проблем кој денес ќе ви стои пред патот, соберете сила и разговарајте со партнерот. На работното место ќе мора да ги завршите и задачите кои не успеале да ги завршат вашите колеги. Не се нервирајте од тоа ќе произлезе шанса за поголем напредок.

Стрелец

Никако да ја средите вашата нервоза која во последно време управува со вас. Посакувате да заминете далеку и проблемите да им ги оставите на другите. Мора да научите да се борите со предизвиците. Колегите од работа ќе ве покријат на работното место, а семејството ќе ви даде поддршка во решавањето на проблематичните прашања.

Јарец

Се мислите од каде да започнете, обврските ви натежнале, а вие не знаете од кого да побарате помош. Колегите и соработниците ќе побараат помош за некој проект за кој вие реално не сте подготвени, внимавајте на потезите можете да погрешите. Во љубовта и семејството се е добро организирано. Попладневното кафе со пријателите ќе ве исполни со позитивна енергија.

Водолија

Дополнителниот ентузијазам и проширена работна иницијатива ќе ви покажат дека сте од голема корист. Важно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Ќе добиете интересна понуда.

Риби

Зголемете ја смислата за вистинските вредности и поставете си нови критериуми во зависност од актуелните случувања. Имате добра визија и важно ви е да ја подобрите својата позиција и влијанието на работната сцена за да ги остварите своите цели.

GOLD
To Top