Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (29.03.2017)

Овен

Го менувате предметот на интерес, преокупирани со нови интересни содржини. Се обидувате нешто од наученото да примените во пракса и тоа со цел за подобро да функционирате. Бидејќи не сакате да ви недостасуваат основни работи, потрудете се да ги подобрите животните услови. Неуморни сте.

Бик

Ова е одличен ден ако се занимавате со уметност, а лош за сите практични работи. Свесни сте дека односите со партнерот влегуваат во сериозна криза. Немате сила да ги промените работите, затоа не ги обвинувајте другите.

Близнаци

Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден. Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.

Рак

Не оптоварувајте се со актуелни проблеми. Свесни сте за моменталната ситуација, па ќе ви биде лесно да издржите. Бидете трпеливи. Размислувате да го подобрите финансискиот статус и ги вложувате сите сили за да успеете. Ве очекува интересна пријателска средба и изненадување.

Лав

Бидејќи до резултати доаѓате со нечија поддршка, морате да бидете подготвени на соработка. Сето тоа нема да ви биде тешко, бидејќи знаете дека ќе даде резултат. Внимателно избирајте ги зборовите, некој може погрешно да ве разбере.

Девица

Време е за акција. Доволно долго размислувавте што и како да сторите. Денес направете го првиот чекор преку конкретни дејствија. Преземете малку повеќе ризик од вообичаено. Луѓето околу вас ќе влијаат не само на вашето расположение, туку и на начинот на кој што размислувате. Не дозволувајте мнозинството да ви наметне мислење кое вие не го прифаќате.

Вага

Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми за разговор.

Шкорпија

Вашето однесување ќе биде чудно и непредвидливо. Во еден момент ќе и се предавате на спонтаноста и ќе реагирате импулсивно, а веќе во друг, ќе бидете многу претпазливи. Трудете се да не одите во крајности. Независно од тоа каква „бура“ ќе беснее внатре во вас, денес ќе бидете подготвени да се забавувате.

Стрелец

Оптимистички сте настроени, а тоа денес ви оди во прилог. Бидете толерантни и мирољубиви. Поминете повеќе време во домот. Концентрирани сте на работата, сакате да решите прашања кои долго ве мачат. Но, финансиите ќе ви зададат проблеми, а за некои ваши размислувања ќе треба да премолчите.

Јарец

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во подвигот. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но наскоро работите се менуваат.

Водолија

Не дозволувајте самодовербата што ја чувствувате да остане неискористена. Насочете се директно кон вашите соништа и желби. Нема што да изгубите, а можете да добиете многу. Ако покажете дека знаете колку вредите, другите ќе ве ценат повеќе. Преземете храбар чекор во остварувањето на личните замисли.

Риби

Ќе знаете да го цените тоа што го имате и ќе можете да го извлечете најдоброто од моменталните околности. Оние кои се во сериозни врски ќе имаат причина за задоволство. Некои од вас, а особено слободите ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност.

GOLD
To Top