Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (30.03.2017)

Овен

Смислата за комуникација и човечките односи ќе ви овозможат да го проширите бизнис влијанието. Ќе остварите контакти кои ќе имаат позитивно влијание врз вашата професионална иднина. Сепак, мора да бидете трпеливи и да чекате додека да се создадат поволни услови за реализација.

Бик

Имате многу изгледи за успех во работите поврзани со странство и деловните патувања. Приватниот живот ви е стабилен а вашата љубовна врска ја зацврстувате. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање на нов извор на финансии, што ќе направи да се чувствувате посигурни.

Близнаци

Внимавајте на плановите кои некако набрзина ги извршувате, би можеле да се појават проблеми. Отворете ги очите и забележете дали во вашата средина има некој кој крие некои нешта од вас. Некоја блиска личност ќе се надева на ваша помош, но вие нема да бидете способни за тоа.

Рак

Сеуште не можете вашата концентрација да ја насочите кон една цел. Ќе бидете распрскани на сите страни и ќе се чуствувате заморено, затоа посветете повеќе внимание на пријатни работи кои не ви претставуваат никакво оптеретување. Посветете повеќе внимание на вашето семејство и на пријателите, и не претерувајте со работата.

Лав

Брзината со која комуницирате нема да биде на посакуваното ниво, а тоа ќе предизвикува извесни застои во извршувањето на работните обврски. Врз вашата положба на работното место влијаат и некои фактори за кои вие не сте свесни. Кога е во прашање љубовта, тука сте со среќна рака. Прекрасен ден за емотивни уживања за сите припадници на овој знак.

Девица

Ова е доста интензивен ден кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чувствителни, а расположението ќе ви биде променливо. Многу ќе контактирате и ќе разговарате, но резултатите нема да бидат поволни. Во емоционалниот живот ве очекуваат непредвидени случувања.

Вага

Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи околностите не ви одат во прилог на материјален план, ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чуствувате. Некои ќе се занимаваат со своето хоби, други ќе медитираат, а пак некои ќе пронаоѓаат нови начини за изразување на емоциите.

Шкорпија

Во вас постои некое сомневање кое наскоро ќе биде потврдено. Не се разочарувајте и гледајте напред. Имате сила да станете и да го пребродите тешкиот период и затоа не е потребно да се откажете. Партнерот ќе ве советува да направите неколку потези, бидете внимателни.

Стрелец

Некој од вашата околина ќе ве посоветува да направите некакoв чекор напред кој има можност да ви донесе големи промени. Охрабрете се и послушајте го советот. Во овој период покрај новите проекти во кои ќе се вклучите ќе се запознаете и со нови лица кои во иднина ќе бидат вашата потпора.

Јарец

Денес вашата организација одлично ќе одговори на сите зададени задачи. Одлично ќе се снаоѓате и во приватниот и во деловниот живот, а мотив ќе ви биде партнерот. Денес, оние кои се сомневаа во вас ќе ви изразат благодарност за дадената помош. Мотивацијатa ќе биде вашето најсилно оружје за постигнувањето надобри резултати.

Водолија

Љубовниот живот ќе се најде во сенката на професионалните обврски. Нема да се заљубите, ниту ќе барате нова љубовна прилика. На површината ќе се појават долго потиснати проблеми, така што ќе ви помине поголем дел од денот во „големо емотивно чистење” и усогласување на ставовите .

Риби

Околностите ќе ве поттикнат на промени во однесувањето, при што најсилни сојузници ќе ви бидат енергијата и вербата во себе. Денот ќе го поминете во тесна комуникација со другите. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите.

GOLD
To Top