Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (31.03.2017)

Овен

Не ви недостасува енергија, ви недостасува организација. И како такви, делувате хаотично и се префлате од една на друга работа. На овој начин нема да стасате никаде, најдобро е да направите некој нов систем на работа. Разговорот со некоја блиска личност ќе има силно влијание на вашето расположение.

Бик

Идеален ден за се што има врска со партнерството и здружувањето. Надевајте се на успех во сферата на трговијата. Доколку забележите дека во средината во која се движите, односите се нарушени, потрудете се да не бидете баш вие таа личност што ќе ги исправува. Без оглед на успехот, треба да се биде реален во проценката, подготвен и правилно да се однесувате.

Близнаци

Планетарните констелации делуваат поттикнувачки на вашата креативност. Оние кои ќе се вклучат во новите проекти ќе пронајдат одличен начин за изработка, кој ќе биде пофален од лицата на високите позиции. Имате одлични соработници, искористете ја и нивната моќ за деловно да блеснете.

Рак

Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата. Очекувате добра вест во врска со нешто што ви значи.

Лав

Верувате дека ќе успеете да убедите некое блиско лице во планот и намерите кои ви се многу важни. Некој ќе ве осуди поради вашиот потег, бидејќи ќе го сфати како себичен. Можеби треба да ги преиспитате постапките. Некој Овен или Јарец ќе се појават како посредници во вашите планови за кариерата.

Девица

Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег, направете го тоа. За се друго гледајте само напред. Ќе добиете порака од некое лице кое го променило мислењето за вас.

Вага

Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден. Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.

Шкорпија

Денес вашите активности ќе бидат намалени, освен на полето на финансиите каде сеуште сте ангажирани за подобрување на материјалната состојба. Но сепак, ќе имате продуктивен работен ден. Некои сериозни одлуки ќе успеете да ги донесете на правилен начин

Стрелец

Ќе бидете победник со сите вербални дискусии, бидејќи ќе пронаоѓате солидни аргументи и ќе имате голема моќ за убедување. Искористете ги следните три седмици за преговори, важни презентации или отворени разговори за напредување во кариерата. Внимавајте на здравјето и започнете со важбање.

Јарец

Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате. Работата бара систематичност, па тоа со леснотија ќе го завршите. За одличното расположение, заблагодарете му се на партнерот и пријателите, тие целосно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во замислите.

Водолија

Имате некои недоразбирања со самите себе. И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но и на преголеми очекувања. Колку сте подготвени да се жртвувате? Преокупирани сте исклучиво со себе и сопствените потреби. Денот е лош за практични работи и финансиски вложувања, но добар е за уметност и работи што вклучуваат фантазија.

Риби

Големите амбиции ве прават подготвени да се впуштите во некои нови работи за кои не сте размислувале. Вашата популарност нагло ќе расте, а вие со насмевка ќе ги собирате плодовите од одлично завршената работа. Излезете малку надвор од рамките на комфорот, ризикувајте и постигнете нешто повеќе.

GOLD
To Top