Новости

Моја кујна

Вкусна печена тиква со спанаќ и горгонзола

Разбудете ги сите сетила со овој богат есенски вкус.

Потребни состојки:
  • 1 килограм тикви
  • 100 грама спанаќ
  • 100 грама марула
  • 300 грама горгонѕола
  • 1 портокал, иседен
  • 110 милилитри маслиново масло
  • 40 грама ореви
  • 10 грама сол
  • 1 гранче мајчина душичка
Начин на подготовка:

Излупете ги тиквите, отстранете им ги семките, исечете ги на мали парчиња, наредете ги на хартија за печење, посолете и ставете 30 милилитри од маслиновото масло. Печете 20-тина минути на 160 степени. Во меѓувреме, исцедете го портокалот, во него сипете 80 милилитри од маслиновото масло и посолете. Исчистете ги спанаќот и марулата, и со рака искинете ги на ситни парчиња.

Горгонѕолата исечкајте ја на стапчиња. Помешајте ја топлата тиква со спанаќот, додајте ги листовите од марулата, зачинете со сокот од портокал и распоредете во чинии за сервирање. Додајте ги стапчињата сирење, расфрлајте ги оревите, декорирајте со мајчината душичка и послужете.

Рецептот е за 4 послужувања.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Кафе пауза

GOLD
To Top