Новости

Здрава исхрана

Сѐ за храна: Ленено масло за добро здравје на срцето

Исклучително здравото ленено масло има блага арома и карактеристичен вкус, а се добива со цедење на семето од лен.  Тоа е извонреден извор на есенцијални масни киселини, растителни влакна, витамините Б, Ц и Е, како и многубројни минерали – магнезиум, калциум, калиум, железо, фосфор и селен.

Маслото од ленено семе е најдобар и природен извор на Омега-3 масните киселини кои што се потребни за здрава функција на кардиоваскуларниот, коскениот, нервниот, респираторниот и дигестивниот систем. Повеќето од половина масти кои ги има во семето на ленот, ја сочинуваат алфалиноленската киселина (омега – 3). Маслото од ленено семе содржи исто така Омега-6 и Омега-9 есенцијални масни киселини кои се во природен идеален сооднос.

Во кулинарството, лененото масло се користи исклучиво како додаток во некои јадења, бидејќи при високи температури неговите корисни состојки се претвораат во штетни материи.

Здравствени придобивки од консумацијата на ленено масло

Некои нутриционисти, истражувачи и научници веруваат дека маслото од ленено семе можеби е најважниот додаток за подобрување и одржување на здравјето. Тоа е корисно за:

  • Лененото масло го намалува апетитот и не држи сити во текот на денот.
  • Помага во зголемувањето на мускулната маса, а тоа резултира со поголема потрошувачка на калории.
  • Високиот процент на растителни влакна, го подобрува варењето и на тој начин го поттикнува слабеењето.
  • Редовната употреба на сурово ленено масло може да спречи појава на мозочен и на срцев удар, артеросклероза и ги ублажува срцевите проблеми.
  • Делува превентивно при карцином на дојка, јајници, простата, како и појава на камен во жолчката.
  • Помага за зајакнување на имунитетот
  • Го поттикнува варењето, помага во регулирање на метаболизмот на масти во крвта,
  • Ги ублажува симптомите на менопауза, егзема, псоријаза, како и болките во зглобовите.

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top