Новости

Моја кујна

Сè за храна: Купка со јаболковата киселина за лекување на кандида

Истражувањата покажуваат дека речиси 75% од жените барем еднаш во животот се соочиле со вагинални габични инфекции и кандида. Честопати траат долго и се отпорни на лекарствата кои ги препишуваат гинеколозите. Ако имате проблем со габични инфекции и кандида, ви предлагаме да ја направите купка со јаболкова киселина која ќе ви помогне за намалување на симптомите.

Се прашувате која е причината за честата појава на габичните инфекции? Различните фактори како хормонални промени, орални контрацепции, големата консумација на шеќери, слабиот имун систем, пиењето на антибиотици се дел од факторите кои придонесуваат за појава на габични инфекции, како кандида.

Локалното нанесување на јаболкова киселина ги намалува габичните инфекции и нејзините симптоми. Пиењето на јаболкава киселина помага за да се подобри состојбата при дијабетес и слаб имунитет, кои се едни од најчестите фактори при кои се јавува кандидата. Пред да се одлучите да го направите овој природен третман, бидете сигурни дека користите јаболкова киселина со мала киселост (5% и помала) или растворете ја во вода.

Купка со јаболкова киселина против кандида

Оваа купка ја намалува иритацијата и инфекцијата, а истовремно го освежува мирисот. За да ја направите потребни ви се:

  • 2 чаши јаболкова киселина
  • 1 чаша морска сол.

Кадата наполнете ја со доволна количина на топла вода (до висина на стомакот). Во водата додајте ја јаболковата киселина и солта. Измешајте добро. Седнете во кадата со колената свикани (немојте да ги седете со прави нозе), за време од 15 до 20 минути. Потоа, измијте се со топла вода и избришете се. За подобри резултати во водата може да додадете неколку капки чајно дрво.

Совети плус:

  1. Бидете сигурни дека добро сте избришани од водата по капењето, пред да ги облечете алиштата.
  2. Секогаш носете памучна долна облека која ќе ја перете со природни детергенти.
  3. Пиењето на јаболкова киселина помага да се намали ризикот за развој на габични инфекции и да се одржи рН вредноста на телото. Доколку страдате од кандида измешајте 2 мали лажички јаболкова киселина во чаша вода. Овој пијалак пијте го 3 пати на ден.

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top