Новости

Моја кујна

Сè за храна: Турски рецепт за ќофтиња

Подготовката е брза и лесна, а тоа е една од особините која беше мотивација за овој рецепт да го споделиме со сите вас! Бидејќи станува збор за турски рецепт за ќофтиња, малку е различен од она што сме навикнале. Таму ги обожаваат, па се надеваме дека ќе ви се допаднат и ќе ги подготвувате почесто!

Имаат неколку зачини во својот состав што ги издвојува во вкусот. Тоа е одлична прилика да избегаме од истото секојдневние на кое сме навикнале. Исто како да сме на дегустативно патување. Уживајте!

Состојки:

  • 750 гр мелено месо
  • 2 главици кромид
  • 2 кришки леб без кора
  • 1 јајце
  • магдонос по потреба
  • 1 лажичка ким
  • 2 лажички сол
  • путер за пржење.

Подготовка:

  1. Најпрво натопете го лебот во водата. Исцедете го и претворете го во ситни трошки.
  2. Така припремениот леб ставете го во поголем сад и додајте ги сите останати состојки.
  3. Откако убаво ќе ја измесите смесата, со раце оформете топчиња со посакувана големина.
  4. Во тава на оган загрејте ја маснотијата и убаво пропржете ги ќофтињата, додека добијат пријатна кафеава боја.
  5. Послужете ги со прилог по желба, а најдобро со свежа салата. На здравје!

Извор: sezahrana.mk

GOLD
To Top