Новости

Здрава исхрана

Ако сакате кисело млеко, оваа диета е вистинската работа за вас

Киселото млеко е исклучително корисна намирница која ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага да се ,,соберат” и исфрлаат токсини од телото и го стимулират метаболизмот.

Додека ја држите диетата со кисело млеко ги препорачуваме следниве намирници: природно кисело млеко- 500 грама дневно, овошје – до 300 грама дневно (освен грозје, диња, лубеница поради големите количини на шеќер што ги содржат), месо – до 100 грама дневно (риба, пилешко и мисирка – од која се отстранети кожата и мастите), зеленчук (плодови) – до 300 грама дневно (домат, ротквица, краставица, пиперка…), зеленчук (зелен) – до 300 грама дневно (зелена салата, кељ, зелка, рукола…)

Количината на кисело млеко која ќе ја користите во некои рецепти зависи од вашата желба и вкус. Важно е да јадете 500 грама кисело млеко дневно, а како е распоредено по оброци, тоа е веќе ваша работа.

Мени за јадење

Доручек

Желе од кисело млеко и малини, чаша зелен чај или чаша цеден сок од портокал.

Ручек

Чаша топол билен чај, ладна супа направена од кисело млеко и краставици исецкани на тенки кругови, 100 грама варено месо, салата од краставица, домати и зачинети билки, кисело млеко ако сакате, чаша топла лимонада (без шеќер).

Попладневна ужина

Домат со кисело млеко. Во киселото млеко додадете малку сенф, малку сол и во блендер кратко измешајте.

Вечера

Чаша топол билен чај, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада (без шеќер).

Со помош на оваа диета, можете да намалите пет до шест килограми за 10 дена. Сепак, со оглед на тоа дека во прашање е рестриктивна диета, не би требало да се држи повеќе од 14 дена.

denar.mk

GOLD
To Top