Новости

Здрава исхрана

Вклучете го костенот во вашата исхрана во овој период

Постојат многу причини во својата исхрана да го вклучите костенот. Мирисот на печен костен кој се шири по улиците на сите ни е добро познат, но можеби не ги знаете сите предности кои ги има за нашето здравје.

Тој има благ вкус и има широка примена во кулинарството. Содржи помалку масти од останатите јаткасти плодови, висок процент на скроб и витамин Ц. Во продавниците за здрава храна mоже да се најде и брашно од костен кое се користи за правење на леб и пецива.

При купување на костени бирајте поголеми плодови кои се сјајни. Чувајте ги на ладно место до две недели.

Костенот можете да го користите на повеќе начини а ова се 10-те причини поради кои задолжително треба да го вметнете во зимската исхрана

1. Брзо заситува – поради високата содржина на растителни влакна и сложени јаглени хидрати, костенот брзо предизвикува чувство на ситост. Нормално, тоа е пожелно за контрола на тежината.

2. Добар е за забите и коските – поради комбинацијата на калциум, фосфор и магнезиум има исклучително влијание на здравјето на коските и забите.

3. Ја стимулира функцијата на нервниот систем – богат е со минерали и витамините од групата Б, го подобрува здравјето на нервниот систем и спречува невролошки промени и заболувања.

4. Корисен е во исхраната за дијабетичарите – Поради бавната апсорција на јаглени хидрати и тоа што не го големува нагло инсулинот во крвта, корисен е во осхраната на дијабетичатите.

5. Го содржи сите есенцијални амино киселини – ова е особено значајно за лицата кои се на веганска исхрана, старите лица и спортистите.

6. Брашното од костени е намирница без глутен – ова го прави идеално во исхраната на лицата со целијакија и лицата во различна мера чувствителни на глутен.

7. Костенот е добар во борбата против анемијата – со високата содржина на железо и во комбинација со некое свежо овошје (поради витаминот Ц) помага при анемија и замор.

8. Костенот има ефект на кардио-штит – со тоа што содржи добри масти и обезбедува добра пропорција на омега 3 и 6 масни киселини, костенот го штити срцето.

9. Добар е за лицата со висок крвен притисок – поради ниската содржина на натриум и калиум, одличен е за исхрана на лицата кои боледуваат од хипертензија. Неговото диуретично дејство, го прави погодно за лицата кај кои се задржува вода во организамот.

10. Го чува цревниот систем и имунитетот – богат е со билни влакна, овозможува добра работа на цревниот систем, добра состојбата на бактериската флора, спречува констипација и пореметување на цревата што се заедно благотворно делува и на имунитетот.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top