Новости

Здрава исхрана

Дали е подобро да јадете пред или по тренингот?

Да се најде балансот меѓу храната и вежбањето не е лесно, а едно од најчестите прашања е дали е подобро да се јаде пред или по вежбањето.

Генерално кажано, тоа зависи од вашите лични потреби за храна и од интензитетот со кој вежбате. Некои луѓе не можат да вежбаат со полн стомак, но други чувствуваат потреба да внесат нешто хранливо, за да можат да го издржат тренингот.

Единствено идеално би било да јадете половина до еден час пред тренингот, за храната веќе да се процесира во вашето тело. Внимавајте и што јадете, односно балансирајте ги оброците и не се полнете со масти и шеќери.

Доколку јадете по тренингот, ви треба оброк богат со јаглехидрати и протеини, но и со витамини и минерали и здрави маснотии. Внимавајте и да не изедете преголема количина храна, за да не постигнете токму спротивен ефект од саканиот.

GOLD
To Top