Новости

Здрава исхрана

Домашен сируп со кој ќе ја подобрите крвната слика

Се чувствувате некако скршено, уморно и безволно? Можеби е време да ја проверите крвната слика.

Но пред да направите контрола на крвта обидете се на природен начин и со природни состојки сами да го подобрите вашето општо здравје и крвната слика.

За вашата крвна слика да биде подобра, овој сируп е доволно да се консумира два пати годишно. Од овој рецепт ќе добиете околу 1,5 до 2 литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена. Сирупот пијте го секое утро на празен стомак, додека не ја испиете добиената количина.

Состојки:

– 1 кг цвекло

– ½ кг моркови

– сок од еден лимон

– 2-3 портокали

– 2 кисели јаболки

– 500 гр мед (ливадски)

Подготовка:

Цвеклото, морковот и јаболките исецкајте ги на мали парчиња, ставете ги во соковник и исцедете сок.

Од лимонот и портокалот рачно исцедете сок и помешајте го со претходно добиениот сок.

На крајот додадете го медот, најдобро е тој да е ливадски.

Се добро измешајте за медот да се стопи и соедини со сокот.

Количината на портокали може да биде и поголема, бидејќи тие главно се додаваат за вкус и мирис.

Готовиот сируп ставете го во стаклени шишиња.

Се добиваат околу 1,5 до 2 литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена.

Сирупот пијте го секое утро во количина од 1 децилитар на празен стомак, додека не ја испиете целата количина.

GOLD
SN Finansii
To Top