Едно јаболко дневно го намалува ризикот од срцев удар кај луѓето постари од 50 години, а студијата на Универзитетот Оксфорд покажа како ова супер овошје има голем ефект и во намалувањето на холестеролот во крвта.

Според оваа студија, луѓето кои редовно земаат статици за намалување на нивото на лошиот холестерол во крвта имаат и еднаков ризик од срцев или мозочен удар, како и луѓето кои секој ден јадат по едно јаболко.

„Изреката дека едно јаболко на ден може многу да помогне е вистинита и го демонстрира тоа дека само мали промени во исхраната можат да имаат големо влијание на здравјето и во превенцијата на болестите“, истакнал водачот на студијата Д-р Адам Бригс.

Неговиот научен тим со математички модел пресметал дека со поголем внес на овошје, а особено јаболка, ризикот од срцев или од мозочен удар се намалува за 12 отсто. Иако не е за верување дека лекарите наместо статици ќе започнат да препишуваат јаболки, тие што ги јадат во секој случај нема да имаат потреба да пијат толку лекови.