Новости

Здрава исхрана

За што се може да се употребува ловоров лист

Експертите тврдат дека ловоровиот лист е одличен против замор. Треба само да запалите неколку листови ловоров лист во просторијата во која седите, но не и пред спиење.
Ловоровиот лист ги прочистува дишните патишта и го ослободува секретот од белите дробови. Најдобро е свежи или суви листови од ловор да ги ставите во врела вода и да инхалирате.

Добар е и за оние кои страдаат од дијабетес тип два бидејќи само три грама дневно го намалуваат нивото на глукоза.

Ловоровиот лист е добар и за варењето, потребно е да го измасирате стомакот по оброкот со масло од оваа билка.

Тој исто така е добар и за работата на срцето, како и за регулирање на лошиот холестерол во крвта, а се смета дека лекува и воспаление на зглобовите.

Еден од старите рецепти за уринарни инфекции е прав од ловоров лист помешан со млеко.

GOLD
To Top