Новости

Здрава исхрана

Израелска диета

Израелските диетолози сметаат дека не смее да се брза со губењето на килограмите. Според нив оптимална брзина за губењето на телесната тежина е 2-3 килограми месечно, при што се врши строго контролирање на внесените продукти.

Па, така месото, јајцата и сирењето можат да се јадат само со зелен зеленчук, а не со млеко, скроб, кисело овошје, путер и масло. Рибата се согласува само со зелен зеленчук, млекото се консумира поединечно и не влегува во ниедна комбинација, а мастите се употребуваат со чорбите и зелениот зеленчук. Зеленчукот се јаде со белковините и скробот, киселото овошје не влегува во ниедна комбинација. Па, израелските диетолози ни го предлагаат следново мени.

НА ГЛАДНО СРЦЕ: Се консумира една лажица маслиново масло, а по 15 минути се зема чаша јогурт или кефир.

ПРВ ПОЈАДОК: Салата од зеленчук, каша од пченица, пченка, хељда или овес, свежо сирење, варено јајце (секој втор ден), незаблажен зелен или друг билен чај.

ВТОР ПОЈАДОК: (12:00 – 12:30 часот): 200-300 грама кисело овошје.

РУЧЕК: (14:30 – 15:00 часот): овошна салата, супа или чорба од зеленчук, месо на пареа, барена или запечена риба, парче црн леб, 1 печено јаболко.

ВЕЧЕРА: Чаша кефир или јогурт, овошен напиток направен со изблендирани суви смокви, урми, суви сливи и ореви со вода или чај.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top